31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: 422.000 луѓе избегаа од Украина

Портпаролката на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци на „Твитер“ објави дека 422.000 луѓе избегале од Украина во соседните земји.

УНХЦР оцени дека луѓето што ја напуштаат земјата се бегалци, додаде портпаролката.

Повеќе од 100.000 луѓе сега се раселени во Украина, соопшти агенцијата, додавајќи дека според некои од извештаите луѓето не успеваат да се качат во преполните возови што би ги извлекле од Украина.