10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Украинскиот министер: Заедно го победивме Хитлер, ќе го победиме и Путин

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, исто така, по Зеленски, го повтори својот повик до странците да дојдат и да се борат на страната на Украина.

„Странците кои се подготвени да ја бранат Украина и светскиот поредок како дел од Меѓународната легија за територијална одбрана на Украина, ве повикувам да контактирате со странските дипломатски претставништва на Украина во нивните земји. Заедно го победивме Хитлер и ќе го победиме Путин“, напиша тој на Твитер.