11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Посебна почит им оддавам на оние кои деновиве херојски ја извршија својата воена должност

Путин утрово накратко се појави на руската телевизија и првпат од петокот ја коментираше инвазијата на Украина, пишуваат медиумите во светот.

Тој ја нарече инвазијата специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас и го пофали херојството на руските специјални сили кои се борат во Украина.

Посебна почит им оддавам на оние кои деновиве херојски ја извршија својата воена должност за време на специјалната операција за пружање помош на Народна Република Донбас, изјави Путин, цитиран од Интерфакс.

Руските агенции јавуваат дека Кремљ е подготвен за преговори со Украина во Белорусија.