11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Не обрнуваат внимание на заканите на Русите: иницијативата за влез во НАТО е предадена во парламентот на земјата

Граѓанската иницијатива за влез на Финска во НАТО е поднесена до парламентот на земјата, објави финското издание „Иле“.

Забележано е дека оваа иницијатива добила повеќе од 50 илјади потписи, па оди на разгледување во парламентот.

Оваа иницијатива предвидува одржување на консултативен референдум за членството на Финска во НАТО. Претходно руското Министерство за надворешни работи објави дека за веројатниот влез на Шведска и Финска во НАТО ќе бидат потребни реципрочни чекори од Русија.

фото Pixabay