10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лукашенко: Киев да преговара за да не ја изгуби државноста

Дека ситуацијата во Украина може да стане многу полоша, предупредува и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пишуваат медиумите.

„Во Украина нема белоруски војници“, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко по гласањето на референдумот за промена на уставот што денеска се одржува во таа земја.

„Таму нема наши војници. Зборував со Макрон за тоа вчера. Му кажав дека таму нема војници, нема белоруски куршуми“, рече Лукашенко, тврдејќи дека тоа не и треба на Русија.

Тој потврди, како што пренесуваат агенциите, и дека од територијата на Белорусија биле лансирани ракети кон позиции во Украина, но дека тоа, како што вели, бил принуден чекор.

Тој кажал дека на неколку километри од границата со Белорусија, на украинската страна, биле распоредени ракетни баталјони, подготвени за неколку минути да извршат напад врз руските позиции.

Според написите, тој исто така тврдел дека конфликтот може да се влоши и, како што кажал, војната мора да се прекине.

„Конфликтот што избувна во Украина не е ништо. Верувај ми, знам за што зборувам! Ако продолжи вака, ќе биде многу полошо. А Зеленски нема да се крие во ниту еден бункер, ниту во САД, ниту во кој било друг. Затоа денеска мора да се прекине војната“, изјавил Лукашенко, според светските медиуми.

„Сега не би го нарекол ни војна, тоа е конфликт. За ден-два ќе има војна, а за три дена масакр“, кажал Лукашенко.