11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Vlada.rs
СВЕТ

Брнабиќ: Србија ќе си ги штити своите интереси, нема кој што да замери

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија ќе продолжи да води надворешна политика за да ги заштити сопствените интереси и во согласност со меѓународното право, без оглед на притисоците што ќе следат и посочи дека нема кој да ја обвинува за нејзината позиција за Украина.

„Нашиот став не е лесен, но принципиелно ќе го браниме“, изјави Брнабиќ за српски медиуми, нагласувајќи дека од Србија не може да се бара да не го почитува сопствениот територијален интегритет.

Таа посочи дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, како што сака да се почитува територијалниот интегритет на Србија и повтори дека нема да воведува санкции кон Русија во согласност со нејзините витални интереси.

Брнабиќ најави и дека Владата на Србија денеска во 11.30 часот ќе ги потврди заклучоците на Советот за национална безбедност и дека ќе постапи согласно нив.

Таа рече и дека Србија ќе ги застапува истите позиции пред Советот за безбедност на ОН.

„Ни претстојат тешки денови и тешки времиња, но најважно ни е да работиме на зачувување на мирот и стабилноста и безбедноста, за да продолжиме да напредуваме“, посочи таа и додаде дека Србија ќе продолжи да разговара со сите.

„Претседателот на Србија секој ден има разговори со партнери од странство, ние си го задржуваме ставот. Ми се чини дека нема кој да ја обвинува Србија“, заклучи Брнабиќ.

Истакна дека тоа е политика на Србија која ги штити националните интереси и ги почитува принципите на меѓународното право.