Centar.mk
БИЗНИСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Владата е подготвена да ја заштити домашната економија од следни предизвици

Владата предводена од СДСМ внимателно ја следи состојбата во Украина. Агресијата врз Украина е закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија.Во таа насока Владата предводена од СДСМ ги следи и промените на економските текови и последиците од новонастанатата ситуација, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека институциите, државата се подготвени да одговорат на сите нови предизвици во делот на економијата и енергетиката, со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.

Како одговорна партија, преку институциите што ги предводиме ќе сториме се, последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и што послаби.

И во време на глобални безбедносни, економски и здравствени кризи, Остануваме посветени на заштита на економскиот стандард на граѓаните и унапредување на домашната економија, се вели во соопштението од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОСТАНУВА ГЛАВЕН ТРГОВСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА – На неа отпаѓаат околу 76 проценти од извозот

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ОСТАВИЛЕ ДОЛГОВИ, НО НЕ И ИМОТ – Дали децата мора да ги плаќаат кредитите и неплатените сметки?

ДЕСК

НАШЛЕ СКРИЕНИ ПАРИ ВО СТАРА КУЌА – Дали смеат да ги задржат или законот предвидува нешто друго?

ДЕСК