Centar.mk
РЕГИОН

ТРАГЕДИЈА ВО НОВИ САД – Мајка осомничена за убиство на едногодишната ќерка, уапсен и таткото

Српската полиција уапси 33-годишна жена од Нови Сад под сомнение дека ја усмртила својата едногодишна ќерка. По налог на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, уапсен е и 54-годишниот татко на детето, кој се сомничи за непружање помош.

Според обвинителството, настанот се случил на 2 ноември, а сомнежите се дека детето починало по нанесени телесни повреди. Против мајката се води постапка за тешко убиство, додека таткото се товари за посебно кривично дело поврзано со непружање помош на лице во опасност.
На двајцата осомничени им е определено задржување до 48 часа, во кој период треба да бидат сослушани во обвинителството. Понатамошната истрага треба да ги утврди сите околности, а осомничените ја задржуваат презумпцијата на невиност до правосилна судска одлука.

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА НАПРЕДУВА КОН ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ – Европската комисија подготвува финансиска рамка

ДЕСК

ПРЕДЛОГ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ – Црна Гора бара решение за снабдувањето со пелети

ДЕСК

ХРВАТСКА ПОДГОТВУВА НОВИ КРИВИЧНИ ОДРЕДБИ – Најавени мерки против интернет-вознемирување и лажни интимни снимки

ДЕСК