На 03.11.2026 во 18:40 часот жител на Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци, забележал опожарено паркирано патничко возило, во чија близина имало безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било утврдено дека станува збор за 21-годишник од Богданци.
Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.
За настанот веднаш е известен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитетот, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.


