ИЗРАЕЛ ВЛЕГУВА ВО НОВА ПОЛИТИЧКА НЕИЗВЕСНОСТ – Херцог ги започна консултациите за состав на влада
Израелскиот претседател Исак Херцог ги започна консултациите со политичките партии што освоија места на предвремените парламентарни избори. Целта е да се утврди кој кандидат има најголеми шанси да обезбеди мнозинство во Кнесетот и да формира нова влада.
Според конечните изборни резултати, ниту еден од главните политички блокови нема самостојно мнозинство од 61 пратеник. Блокот на досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху располага со 53 места, опозицискиот блок со 48, додека арапските партии имаат вкупно 19 пратеници
Консултациите се организирани во повеќе фази, при што прво се сослушуваат помалите партии. Откако ќе ги разгледа препораките, претседателот ќе му го довери мандатот на кандидатот за кој проценува дека има најголеми изгледи да состави влада. Според израелските правила, првичниот рок за формирање влада изнесува 28 дена.


