17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Цената на гасот во Европа порасна за 35 отсто на 1.414 долари

Цената на гасот во Европа утринава порасна за 35 отсто, надминувајќи го нивото од 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Гасот за испорака во март е договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.414,5 долари за илјада кубни метри, што е 120 евра за мегават час.

Во исто време, Ројтерс јавува дека протокот на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска денеска е преполовен, а засега не се знае дали намалувањето на протокот е поврзано со ситуацијата во Украина, каде Русија започна со специјална воена операција..

Украина е втората голема транзитна рута за извоз на руски гас во Европа, додава британската агенција, наведувајќи дека руската државна гасна компанија Газпром го одбила барањето за коментар.

Спонзорирано: