17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паднаа повеќе украински градови, Русите и сепаратистите напаѓаат од сите страни

Најмалку осум лица загинаа, а девет се ранети во руските гранатирање утринава, изјави советник на министерот за внатрешни работи на Украина откако Русија изврши масовен воздушен и копнен напад врз соседната земја.

Сепаратистите во Украина соопштија дека ги зазеле мали градови во Луганск, додека властите во Киев потврдија дека проруските сили напредувале на територија под контрола на владините сили.

Според сепаратистите, силите напредувале преку реката Северски Донец, која досега ја формираше линијата на фронтот меѓу владините и проруските сили.

Припадник на граничната полиција изјави дека руски воени колони одделно ја преминале украинската граница во регионите Чернигов, Харков и Луганск.

Руската армија напредувала и до градовите Милова и Хородише на украинска територија, соопшти Министерството за внатрешни работи во Киев.

Магацините за муниција во западниот украински регион Хмелницки и југоисточниот регион Днепар биле нападнати со проектили, се додава во извештајот.

Во западниот украински град Луцк е уништена телевизиска кула. Покрај тоа, наводно биле нападнати касарните на украинската армија во западниот регион Виница и во близина на главниот град Киев. Причините за нападот првично беа нејасни.

Руските воени сили ја гранатираа источна Украина, но ситуацијата е „под контрола“, објави главниот штаб на украинската армија на „Фејсбук“, додавајќи дека руските војници не се истовариле во пристанишниот град Одеса на Црното Море.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на „итни санкции“ за Москва и на „Твитер“ повика на одбранбена помош и финансиска поддршка, по телефонските разговори со западните лидери.

„Целта на руската офанзивна воена операција е да се уништи украинската држава, насилно да се окупира украинска територија и да се воспостави окупациска контрола. Руската војска врши напади врз мирните украински градови од различни правци, вклучувајќи ги привремено окупираните Донбас и Крим, како и североисточниот регион“, соопшти украинското МНР.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Русите нападнаа повеќе од 40 градови во Донбас

M T

Сирените повторно се огласија во неколку украински градови

M T

Небензја: Воената операција ќе заврши кога ќе ги исполниме целите

M T

Експлозии во украинските градови Николаев, Кропивницки и Днепар

M T

Воената операција може да заврши за пет дена, сметаат руски експерти

M T