25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Признавањето на Луганск и Донцек ја отвора вратата за руска воена интервенција?

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на состанокот на Советот за безбедност на Руската Федерација изјави дека ги слушнал мислењата на сите членки и дека денеска ќе донесе одлука за признавањето на независноста на самопрогласените Луганска и Донечка народна република, пренесува „Интерфакс“.

Путин на вонредната седница на Советот за национална безбедност денеска изјави дека главна цел на состанокот е да се утврдат чекорите во врска со кризата во Донбас, особено имајќи го предвид повикот на лидерите на самопрогласените народни републики Русија да го признае нивниот суверенитет.

Доколку Русија го преземе ваков чекор, тоа може да го отвори патот за Москва отворено да испрати воени сили во двата региона со аргумент дека интервенира како сојузник за да ги заштити од Украина.

Состанокот на рускиот Совет за безбедност, кој вообичаено заседава зад затворени врати, денеска беше пренесуван во живо на телевизија. Иако тензиите во источна Украина се зголемија во последните три дена, западот и Русија велат дека претпочитаат дипломатско решение на кризата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека во четврток во Женева ќе се сретне со американскиот државен секретар Антони Блинкен, а Франција најави дека тој ќе се сретне и со Жан-Ив ле Дријан во Париз на 25 февруари.