21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТИЗБОР

Четворица блиски соработници на Џонсон поднесоа оставки поради серијата собири во кабинетот

Четворица блиски соработници на Борис Џонсон поднесоа оставки со разлика од неколку часа, поради зголемениот притисок врз британскиот премиер.

Советникот за комуникации Џек Дојл го потврди своето заминување набргу откако политичкиот советник Мунир Мирза го стори тоа, по што следеше оставка на началникот на Генералштабот Ден Розенфилд и главниот личен секретар на премиерот Мартин Рејнолдс, пренесуваат агенциите.

Оставките на најблиските соработници на Џонсон доаѓаат во време кога се погласно се поставува прашањето за неговото лидерство во владејачката партија поради серијата собири во кабинетот и резиденцијата на Даунинг стрит бр. 10 каде што се конзумирал алкохол, што се случи за време на строгите мерки поради коронавирусот, пишуваат медиумите.