24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Во Америка пристигнува нова ледена бура, стотина лета откажани

Нова ледена бура пристигнува во САД, која доведе до откажување стотина комерцијални лета, соопштија американските власти.

Бранот со ледена бура се протега од Ново Мексико во југозападниот дел на САД до Вермонт на североисток.

Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата.

Во Мичиген се очекуваат 30-ина сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.

„Се приближува многу студен и непријатен бран што ќе го отежне патувањето“, рече Марти Рауш, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Колеџ парк во Мериленд.