12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црн рекорд во Германија – над 208.000 заразени во последните 24 часа

Гeрманија денеска собори нов рекорд во бројот на случаи на коронавирус, со 208.498 новозаразени за 24 часа, со што надминати се 10 милиони регистрирани случаи од почетокот на пандемијата.

За споредба, на 2 јануари беа регистрирани 12.515 нови случаи.

Поставен е рекорд и во седумдневната инциденца од 1227,5 случаи на 100.000 жители, во време кога многу заразната омикрон варијанта се шири низ земјата.

Денеска пријавени се 196 смртни случаи, со што вкупната бројка порасна на 118.170.

Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека очекува бранот на омикрон да го достигне својот врв во средината на февруари.

Тој претходно ја спомена и можноста за олеснување на мерките кон крајот на февруари или почетокот на март доколку ситуацијата остане под контрола.