12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Зеленски: Украина не е во војна, не ни треба оваа паника

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не може да исклучи ескалација и понатамошна тензија со Русија, но ја критикува преголемата паникa што ја оптоварува економијата.

„Мислам дека ситуацијата сега не е понапната отколку порано. Во странство имаат чувство дека овде има војна. Тоа не е така. Не велам дека ескалацијата не е можна, но нам не ни треба оваа паника“, рече Зеленски на прес-конференција.

Тој рече дека тоа е гаранцијата што му ја дал на американскиот претседател Џозеф Бајден во вчерашниот телефонски разговор, како и дека Русија се обидува да ја заплаши Украина.

Зеленски исто така потврди дека Украина ја стабилизирала својата валута со девизните резерви, како и дека бара воена, политичка и економска поддршка од Западот и нагласи дека на земјата ѝ се потребни 4 до 5 милијарди долари за да ја стабилизира својата економија.

Неговата изјава дојде откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека САД и НАТО не одговориле на главниот безбедносен повик на Москва во конфликтот меѓу Истокот и Западот за Украина, но дека Москва е подготвена да ги продолжи разговорите, наведуваат агенциите.