21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Американски генерал тврди: Руската инвазија би била страшна и со многу жртви

Водечкиот американски генерал Марк Мили изјави дека руската инвазија на Украина би била „страшна“ и дека ќе доведе до голем број жртви.

Мили ја опиша „акумулацијата на 100.000 руски војници во близина на украинската граница“ како најголема од Студената војна, објави Би-Би-Си.

Сепак, министерот за одбрана Лојд Остин вели дека конфликтот може да се избегне со помош на дипломатијата.

На прес-конференција во Пентагон во петокот, Мили рече дека голем број руски војници на границата со Украина значи дека нападот ќе има сериозни последици.

Испораката на оружје од Вашингтон во Киев ги поттикнува украинските власти да преземат акции против жителите на регионот Донбас, објави руската амбасада во САД на својот Фејсбук профил.

– Американските власти секојдневно најавуваат стотици тони воена помош за Украина. Тоа се прави под слоганот дека Русите се подготвени да ја нападнат соседната земја, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Амбасадата додава дека, во исто време, очигледно е дека акциите на Вашингтон, кој нон-стоп испраќа оружје до режимот во Киев, поттикнува воени дејствија против жителите на Донбас.

Во петокот, украинските вооружени сили отворија оган врз станбена зграда во селото Јасное“, истакнаа од амбасадата.

Претставниците на руската дипломатска мисија го повикуваат Вашингтон „да се придржува до Договорот од Минск и да не ја задоволува својата воинственост и обиди за насилна асимилација на луѓето од рускојазичното подрачје“.