22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Шест членови од персоналот на канадскиот премиер се заразени со корона вирусот

Канадскиот премиер Џастин Трудо откри дека тројца од неговиот персонал и тројца од обезбедувањето се позитивни на корона вирусот, но дека тој засега е негативен.

-Ги следиме упатствата на здравствените агенции, чекор по чекор. Направив брзи тестови, засега се негативни, но внимателен сум во се што правам – изјави Трудо.

Тој додаде дека ќе внимава на своето здравје и редовно ќе се тестира, а досега не му било препорачано да оди во карантин поради „природата на контактите“ меѓу него и персоналот, кој е позитивен.

Трудо помина неколку недели во самоизолација во март 2020 година, откако неговата сопруга Софи беше позитивно тестирана.