25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Столтенберг: Русија се однесува како агресор кон Украина

НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, на прес-конференција по средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленски во Брисел.

„ Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа“, рече Столтенберг, пренесува „Интерфакс“.

Тој нагласи дека НАТО нема да прави компромиси за правото на Украина да го избере својот пат, ниту, пак, за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници.

Столтенберг додаде дека соработката на НАТО со Украина е од одбранбен карактер и не претставува закана за Русија.