17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Силна експлозија и срушени згради на Сицилија, расте бројот на жртви

Најмалку три лица загинаа, а седум се водат како исчезнати откако се урна зграда на Сицилија, меѓу исчезнатите има и трудници, пишуваат италијанските медиуми.

Спасувачите по експлозијата пронашле тело на маж во урнатините. Потрагата по преживеани е во тек.

Досега се спасени две жени, јавува Си-Ен-Ен.

Медиумите во Италија јавуваат дека на уривањето на зградата му претходела експлозија.

Екипите на Брзата помош во текот на ноќта пронашле тело на маж во урнатините и тело на жена наутро, објави противпожарната служба Вигили дел Фуоко на својот официјален профил на Твитер.

Досега се спасени две жени, а италијанските власти соопштија дека зградата се урнала по експлозија предизвикана од големо истекување на гас, која уништила три куќи, а оштетила уште една.

Зоната на експлозија изгледа како воено сценарио: урнатини, скршено стакло, остатоци и остар мирис на горење насекаде. На местото на настанот пристигнаа пожарникари од Агриџенто, Палермо и Катанија, Црвениот крст, Цивилната заштита, полицијата и карабинерите, пишуваат агенциите.

„Активирањето на лифтот можело да ја предизвика експлозијата“, изјави командантот на противпожарната бригада на Агриџенто, Џузепе Мерендино.

„Во следните неколку дена ќе спроведеме подетална истрага“, посочи тој.

Кармело ди Анџело, градоначалникот на Раванузе, на својот Фејсбук профил им порача на граѓаните дека тоа е катастрофа и ги повика сите кои можат да помогнат да се обратат до противпожарната служба.