17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин ѝ се заблагодари на Меркел за ефикасната соработка

Путин телефонски разговарал со Ангела Меркел, која вчера и официјално ја напушти функцијата германска канцеларка, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин срдечно ѝ се заблагодари на Меркел за нејзината долгорочна ефикасна соработка нагласувајќи го нејзиниот значаен придонес во развојот на руско-германските односи, наведува прес-службата.

Меркел, од своја страна, изрази благодарност до рускиот лидер за заедничката работа. Според Кремљ, таа му посакала на Путин успех во воспоставувањето дијалог со новиот германски канцелар Олаф Шолц.

Во соопштението се додава дека шефот на руската држава во текот на разговорите споменал дека Ангела Меркел секогаш ќе биде добредојден гостин во Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во средата испрати телеграма со честитки до Олаф Шолц по повод неговата инаугурација за германски канцелар.

Путин испрати телеграма и до поранешната германска канцеларка Ангела Меркел. Според прес-службата на Кремљ, Путин во телеграмата со „вие“ ѝ се обратил на Меркел и ја уверил во продолжување на пријателската комуникација.