22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Нема промена во бугарската позиција за Северна Македонија

„Нема промена во бугарската позиција во однос на Република Северна Македонија. Нема ништо што јавноста не го знае. Нашата позиција е постојана и непроменлива“, изјави привремениот премиер Стефан Јанев од собраниската говорница, јави БГНЕС.

„Нашиот став е дека Северна Македонија и земјите од Западен Балкан ја заслужуваат својата европска иднина. Бугарија придонесе во текот на годините да им овозможи на овие земји да го направат својот пат кон европската иднина. Конкретно во однос на РСМ, потпишавме договор за добрососедство, што е јасно “, додаде тој.

На вчерашната седница на Советот на министри беше одлучено Бугарија да не го промени ставот за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Министерскиот совет појасни дека „Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Република Албанија, како и на Рамковниот став за европската перспектива Република Северна Македонија и Албанија, усвоен од Советот на министри на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година“.

„Овој став на Бугарија ќе се брани за време на состанокот на Советот за општи работи (СО), што ќе се одржи на 14 декември 2021 година во Брисел“, нагласува БГНЕС.

„За Бугарија, основниот принцип на сопствени заслуги на секој кандидат останува одлучувачки. Бугарија верува дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, е ставот на бугарската влада.

Над 70 проценти од Бугарите сметаат дека приоритет е решавање на односите меѓу Скопје и Софија, а не патот на Македонија кон Европската Унија, покажува анкетата на Галуп интернешнл што денеска ја обијавија бугарските медиуми.

Само 7,5 % од анкетираните Бугари сметаат дека приоритет треба да биде евроинтеграцијата на Македонија. Анкетата покажува дека посклони да се игнорираат проблемите со Македонија се помладите и луѓето со ниско образование, но нивниот број не надминува десетина.

Спонзорирано: