14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во ТВ-емисија.

Имено, партијата наведува дека канцеларот Александар Шаленберг, како и други политичари, по учеството во хуманитарната емисија на јавниот сервис, отишле на забава.

Покрај канцеларот, во емисијата учествуваа и австрискиот претседател – Александар ван дер Белен, вицеканцеларот – Вернер Коглер, министерот за здравство – Волфганг Микштајн, министерката за одбрана – Клаудија Танер, министерот за внатрешни работи – Карл Нехамер, министерката за туризам – Елизабет Кестингер и министерот за труд – Мартин Кохер, но и лидерката на опозициската Социјалдемократска партија – Памела Ренди Вагнер.

Фотографиите од телевизијата предизвикаа многубројни дебати во јавноста бидејќи покажуваат како политичарите уживаат и не носат маски и покрај карантинот и строгите мерки за обичните граѓани.

Од Партијата на слободата имаат поднесено пријава за прекршување на епидемиолошките мерки, при што како доказ е приложено видео и фотоматеријал, пишуваат австриските медиуми.

Тужба против претседателот, канцеларот и други политичари поднел и адвокатот од Долна Австрија, Стефан Данзингер, кој моментно е во карантин поради коронавирусот.