Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец осуден на скоро 13 години затворска казна

На 22.11.2021 во 22.55 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на подрачјето Кисела Вода го лишија од слобода С.К.(38) од Скопје. Тој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години 4 месеци и 17 денови, од вкупно предвидената казна од 12 години и 10 месеци.

Тој е сторител на повеќе кривични дела, и тоа „убиство“, „насилство“ и „оштетување на туѓи предмети“, казниви по чл.123, чл.386 и чл.243 од Кривичниот законик. С.К. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +