Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

Шестгодишно дете е тешко повредено откако било удрено од товарно возило на улицата „362“ во Скопје, соопшти денеска МВР. Несреќата била пријавена на 3 ноември во 16:30 часот, а повредите се констатирани во Ургентниот центар.

Во одделна несреќа на крстосницата меѓу „Борис Трајковски“ и „1519“, истиот ден тешко се повредиле двајца возачи и 18-годишна сопатничка. Според полицијата, едниот автомобил го управувал малолетник.

МВР информира и за тешко повреден 57-годишен пешак на сервисна улица поврзана со „Св. Кирил и Методиј“. За трите настани бил извршен полициски увид.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК