Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарот почнал во предниот дел од автобусот, а внатре имало туби со нафта, вели секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов

Во автобусот имало туби со нафта, а огнот почнал од предниот дел, најверојатно во системот за греење, рече секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов.

Тој за БТВ изјави дека автобусот се движел со повеќе од 100 километри на час и на местото на несреќата немало знаци на кочење. Пиргов верува дека станува збор за човечка грешка.

Секретарот за безбедност кој пристигнал на местото на несреќата меѓу првите, раскажа дека автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти кон лево. Изгорен е предниот дел на автобусот. Преживеале луѓето кои седеле на задните седишта. Тие го разбиле стаклото и излегле.

Пиргов ја исклучи можноста возачот да заспал, наедувајќи дека кусо пред несреќата, автобусот застанал на бензинска станица на магистралниот пат „Струма“ и направил пауза околу половина час.

Вели дека нема можност автобусот да се зализгал патот, бидејќи нема знаци на кочење.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК