17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Белорусија користи беспомошни луѓе за хибриден напад на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по вторпат разговарала за ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија со рускиот претседател Владимир Путин порачувајќи му дека Белорусија распоредува беспомошни луѓе со цел, за како што рекла, хибриден напад.

„Меркел му укажа на Путин дека ситуацијата на границата, каде што има стотици премрзнати мигранти на ничија земја меѓу две држави, е предизвикана од Белорусија“, посочил нејзиниот портпарол Штефен Зајберт во соопштение.