24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Касами: Верувам дека видеото од Реџепи е направено под присила

Лидерот на Беса, Биљал Касами, го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец Кастриот Реџепи и официјално да соопшти дека тој и неговото семејство се безбедни.

„Во моментов не е важна неговата позиција, не е важно на која страна е. Движењето Беса има јасен став, дека оваа Влада треба да падне. Сакаме да сè известат дека пратеникот е здрав и жив со неговото семејство, ништо друго не е веќе важно“, изјави Касами.

Тој е убеден дека видеото на Реџепи објавено на социјалните мрежи е направено под присила.

„Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видеото. Затоа се сомневаме дека оваа ситуација e исценирана, знаеме во кој контекст, поради гласањето“, рече Касами.

Тој додаде дека Реџепи сè уште е недостапен на неговиот мобилен телефон и дека во случајов, станува збор за криминални – терористички методи што се применуваат врз пратеници.