16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Талибанците најавија забрана за употреба на девизи во Авганистан

Талибанците објавија целосна забрана за употреба на девизи во Авганистан.

„Економската ситуација и националните интереси во земјата бараат сите Авганистанци да ја користат само домашната валута во секоја трговија“, изјави портпаролот на талибанците за новинарите.

Употребата на американски долари е широкораспростране на авганистанскиот пазар, а валутите на соседните земји, како Пакистан, се користат за трговија во пограничните области.

Портпаролот на талибанците, Мухамед Сухаил Шахин, ја повика меѓународната заедница на 29 октомври итно да обезбеди материјална помош од 1,2 милијарда долари, ветена на земјата на виртуелниот самит на Г20.

Спонзорирано: