18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пензиониран комунален работник по втор пат добил на лотарија цели 2 милиона долари

Човек од американската сојузна држава Мериленд освои два милиони долари на лотарија.

Победникот е пензиониран комунален работник кој се обидел во играта „Побогати за два милиони долари“ (2.000.000 долари побогати). Првата добивка беше направена пред пандемијата на коронавирус, а втората се случи за време на пандемијата.

За време на пандемијата, без да прецизира кога, Ексон купи два билети на бензинската пумпа. На едната остварил добивка од 100 долари, а на другата џекпот – два милиони долари. Тоа беше неговиот втор џекпот на споменатата игра.

Како што изјави добитникот на лотаријата во Мериленд, тој беше малку нервозен и понекогаш се сомневаше дека добивките се реални.

Откако за прв пат го освои џекпотот изјави дека парите планира да ги потроши на семеен одмор и за безгрижни пензионерски денови. Откако добил уште еден џекпот, рекол дека парите повторно ќе ги потроши на семеен одмор и реновирање куќа.

Имаше совет и за оние кои играат игри на среќа.

„Бидете реални и кога играте, не играјте само за џекпот. Играјте со задоволство и додека уживате во она што го работите, вие сте победник, без разлика дали ќе победите или изгубите“, истакна тој.

Споменатата игра на среќа започна на 25 февруари 2019 година и ќе трае до утре, 1 ноември, пишува CNN.