16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(ФОТО) Пукајќи на филмски сет, актерот Алек Болдвин ја уби директорка на фотографија и го рани режисерот

На сет од филмот „Rust“ во Ново Мексико, актерот Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот, јавија локалните власти.

Халина Хачинс (42) е убиена, а режисерот Џоел Соуза (48) е повреден околу 13 часот и 50 минути на сетот од филмот кој се снима во округот Санта Фе, изјави Хуан Риос, портпарол на канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе. Околностите за пукањето се испитуваат, пренесува „Њујорк тајмс“

Риос рече дека пукањето на ранчот се случило на средина на сцената, што или се вежбала или се снимала и дека канцеларијата на шерифот интервјуирала луѓе од сетот за да се утврди како двајцата биле застрелани.

„Се обидуваме да утврдиме како се случил настанот и каков вид муниција се користел во огненото оружје“,

рече Риос, додавајќи дека канцеларијата на шерифот досега не поднела обвинение против никого во врска со пукањето.
Хачинс била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што подоцна починала, а режисерот на филмот бил однесен во Регионалниот медицински центар во Санта Фе.

Во соопштение, продуцентската куќа на вестернот „Rust Movie Productions LLC“ наведе: „

„Целата актерска екипа е апсолутно уништена од денешната трагедија и ние упатуваме најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на Халина. Го запревме производството на филмот на неодреден временски период и целосно соработуваме со истрагата на полициската управа во Санта Фе. Ќе обезбедиме советодавни услуги за сите поврзани со филмот додека работиме на расчистување на овој грозен настан“,

Спонзорирано: