22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи-Мортон: Обезбедивме континуитет на севкупната билатерална соработка со Обединетото Кралство и после брегзит

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички ко-претседаваа со првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова ера во развојот на односите меѓу двете земји кои негуваат долгогодишно партнерство во изминатите 28 години, кое се рефлектира преку силни пријателски односи.

„ Отсега натаму, овој Совет ќе ја има улогата на координатор и контролор на работата на двете држави за предизвиците и начините за имплементација на одредбите од Спогодбата за соработка, која ја потпишавме пред само неполна година.Денес ние институционално, административно и технички, не само што обезбедивме континуитет на севкупната билатерална соработка со Обединетото Кралство и после Брегзит, туку слободно можам да кажам дека од денес создаваме и нови потенцијали за бизнисите; потенцијали и за нови странски инвестиции, но и можности за проширување на постоечките бизнис капацитети во земјава“, истакна Османи.

Обединетото Кралство, во изминатите десет години прерасна во еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија, а размената меѓу двете земји веќе одамна ја надмина границата од една милијарда евра на годишно ниво. Минатата година и покрај влијанието на пандемијата, обемот на трговија се зголеми со оваа земја со што Северна Македонија стана нивниот најголем трговски партнер меѓу земјите од Западен Балкан.

На состанокот беше изразено задоволство и од континуираната успешна соработка во областа на одбраната, а како исклучително значајна е долгогодишната британска поддршка за јакнење на воените капацитети на нашата земја. Беа разменети мислења и за други прашања од заемен интерес, состојбите во Регионот и соработката во НАТО, како уште една алка на поврзување и соработка на двете земји во иднина.

Двајцата министри за време на состанокот го усвоија и потпишаа Деловникот за работа на Советот за партнерство, трговија и соработка, а за нешто повеќе од една недела, на 21 октомври, ќе се одржи и првиот состанок на Комитетот за партнерство и трговија, како тело за технички и административен надзор за имплементација на Договорот, со што и формално ќе се заокружи процесот на институционална поставеност меѓу двете земји за идниот развој на севкупните билатерални односи.

Можеби ќе ве интересира

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Османи-Рибеиро: Разменети мислења за состојбата со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T

Османи во Виена ги претстави приоритетите за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година

M T