Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Град Скопје секогаш ќе биде партнер на СКСЗМ во подобрувањето на локалниот економски развој

Денес во просториите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија се одржа состанок помеѓу претседателот Неби Хоџа и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а на состанокот присуствуваше и градоналачникот на Бутел, Велимир Смилевски. На средбата се зборуваше за поддршката на локалната самоуправа за бизнис секторот и подобрувањето на локалниот економски развој.

СКСЗМ во Град Скопје како институција секогаш ќе има свој партнер, подготвена да излезе во пресрет на нивните барања, бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка ќе може полесно да се решат претстојните економски предизвици и да се зајакне целокупната економија и креирање оптимална бизнис клима во Скопје.

Покрај градежна офанзива во инфраструктурата, Град Скопје донесе и неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата за фирмите, со откажувањето од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси и закупот на јавен простор.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК