16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени тинејџери за брутално убиство на 14 кенгури

Тинејџерите се обвинети за небрежно тепање и убивање животни и ќе се појават на суд следниот месец

Австралиската полиција обвини двајца тинејџери за убиство на 14 кенгури во крајбрежен град јужно од Сиднеј.

Локалните жители во саботата пронајдоа заклани животни на различни патишта во заливот Батеманс, што предизвика полициска истрага.

Полицијата не објави детални информации за мотивите на обвинетите 17-годишници, кои беа уапсени во понеделникот.

Тинејџерите се обвинети за несовесно тепање и убивање на животното, и ќе се појават на суд следниот месец.

Според законот на Нов Јужен Велс, секој што е осуден за суровост кон животните се соочува со казна затвор од пет години и парична казна од 15.000 долари.

Меѓу убиените животни има и две младенчиња кенгур, додека третото повредено го пронашол следниот ден локален жител.

Службата за спасување диви животни WIRES соопшти дека се грижела за „преживеаниот eyои“ и дека била шокирана од убиствата во мирна крајбрежна населба, пренесува Би -Би -Си.

Во Австралија, просечно се испитуваат 50.000 жалби за суровост кон животните секоја година.

Спонзорирано: