22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лос Анџелес: Маж се обидел да прегази луѓе на тротоар – лути пешаци го извлекле од камионот и го претепале до смрт

Сериозен инцидент се случи во округот Лос Анџелес кога еден човек загина откако се обиде да прегази луѓе на тротоарот.

Лути пешаци го извлекле од камионот и го претепале до смрт.

Детективите ја истражуваат неговата смрт, а инцидентот се случи во саботата.

Полицијата го идентификуваше починатиот како Мелгин Лопез Сантос (40) од Лос Анџелес, објави ЛА Тајмс.

Пред да биде убиен, се расправал во ресторанот од кој бил исфрлен.

Потоа влегол во камионот, забрзал кон тротоарот и за малку ќе прегазел неколку лица, објави полицијата.

Сантос изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, а потоа и во зграда.

Луѓето го извлекле од автомобилот и настанала тепачка, додаваат властите.

По пристигнувањето на местото на несреќата, полицијата го пронашла мртов на лице место, наведувајќи дека смртта била предизвикана од удирање со тапи предмети.

Засега никој не е уапсен, но полицијата ги истражува потенцијалните осомничени.

Спонзорирано: