24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТТОП ВЕСТИ

Курц: Австрија ќе се бори за европската перспектива на Западен Балкан

Себастијан Курц, канцеларот на Австрија, е во Словенија, каде вчера се собраа шефовите на држави и влади на земјите-членки на Европската Унија на неформална вечера. Во оваа земја денеска ќе се одржи голем самит, а Курц во изјава за регионални медиуми рече дека Австрија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Австрија е силна поддршка за сите земји од Западен Балкан и постигнува тесна соработка со БиХ и другите земји во регионот. Ние ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, а тоа е и нешто за што ќе се залагам и ќе се борам овде во Словенија“, истакна Курц.

Австрија долго време го поддржува забрзаниот процес на пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

За време на неговата посета на Србија во септември, тој истакна дека ЕУ ќе биде комплетна само кога сите земји од регионот ќе се приклучат кон неа.

Во Словенија денеска ќе се одржи голем самит, на кој ќе присуствуваат лидерите на ЕУ, а ќе се придружат и лидерите на земјите од Западен Балкан.