17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Нападнат пункт за вакцинација во Пакистан, убиен полицаец

Вооружени мажи денеска убија полицаец кој чуваше објект за вакцинација против детска парализа во северозападен Пакистан, соопшти полицијата.

Пакистанските милитанти често ги напаѓаат местата за вакцинација и полицијата што ги обезбедува, оправдувајќи ги нивните напади со тврдење дека кампањите за вакцинација против детска парализа се дел од западната завера за стерилизација на пакистанските деца.

Нападот се случи на третиот ден од петдневната кампања за вакцинација против детска парализа низ провинцијата.

Вакцинацијата е дел од националната програма за искоренување на детска парализа до крајот на 2021 година, а целта е да се вакцинираат 6,24 милиони деца помлади од пет години.

Пакистан и Авганистан се единствените преостанати земји во светот кои се борат со детска парализа, откако Нигерија успешно ја искорени болеста минатата година.