22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кичеец нема да ги користи олеснувањата кои ги имаше претходно во затворот во Струга

Управата ја извршување на санкции ја информира јавноста дека осуденото лице Зоран Милески – Кичеец е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга. Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија. Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески.

Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.