17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Илјадници евакуирани поради пожарите во Шпанија

Околу 2.000 луѓе ги напуштија своите домови откако избувна пожар во провинцијата Андалузија во Шпанија.

Пожарникар загина во пожар што започна минатата среда над летувалиштето Естепона во Коста дел Сол, објави Би -Би -Си.

Шпанија во неделата испрати војска да им помогне на пожарникарите во планинската област, каде што гори огнот. Првично, три места беа евакуирани во неделата, и уште три попладне.

Голем облак чад може да се види од далечина од преку 10 километри.

Жителите на четири места мораа да ги напуштат своите домови во петокот. Пожарот досега изгоре 7.400 хектари во областа, според проценките на шпанските медиуми.