14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германија: Нема плата за невакцинираните работници кои ќе се заразат или ќе одат во изолација

Невакцинираните работници во германската провинција Баден-Виртемберг кои ќе се заразат од Ковид-19 и мора да одат во изолација нема да примаат плата, пренесуваат германските медиуми. Оваа одлука во сила ќе стапи в среда, а според најавите и други провинции како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква мерка.

Министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек изјави дека оние кои не се вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин

– Не може општеството да плаќа за ни”, рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.