28.8 C
Скопје
27. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Кујната од Centar

Пилешко печено во лубеница: Необичен рецепт што не сте го приготвувале досега

Далеку од традиционален рецепт, пилешкото подготвено на овој начин звучи како јадење од мени на Ноќта на вештерките. Но, оние кои веќе го приготвиле тврдат дека не треба да нè спречува да го пробаме во нашите кујни.

Како резултат, може да добиете најмеко и најсочно печено пиле досега, ако тоа е начинот на кој преферирате да го јадете своето омилено месо.

Рецептот всушност беше објавен во „Њујорк тајмс“ како првоаприлска шега, но кулинарските ентузијасти како инфлуенсерката @emmymadeinjapan решија навистина да се обидат со неколку прилагодувања на рецептот.

Вкусовите на лубеницата воопшто не се чувствуваат во готовото печење, а месото е меко бидејќи се пече во природна бања и сокови од ова овошје што сега е лесно достапно.

Сега е сезона на сочни лубеници, тие можат да се купат по разумни цени, а ќе ви требаат зачини по ваш избор. Рецептот вклучува неколку егзотични зачини, како што се куркума и кари, кои одлично одат со пилешко. Ако е бал, нека е маскенбал! Време е да пробаме нешто ново.

Состојки: 1 голема лубеница (околу 7 килограми), 1 печено пилешко (до 2,5 килограми), сол и бибер,1 лимон прободеn со вилушка, 1 лажица кари, 1 лажица куркума, 1 лажица чили во прав, 2 лажици лук во прав, 2 лажици кафеав шеќер, 2 лажици путер.

Приготвување: Вo пилешкото вметнете лимон кој претходно сте го прободеле со вилушка на неколку места.

Ставете го пилешкото во издлабена лубеница, а потоа ставете го ’капакот’ од лубеницата над него и прицврстете го на долниот дел со стапчиња за скара, за да остане на место за време на печењето. Пилето во лубеница се пече два часа на температура од 200 степени. Намалете ја температурата на 150 степени и потоа печете уште 2 часа.

Внимателно извадете го пилешкото од лубеницата, и одделете го сокот во мало тенџере. Загрејте го сокот до вриење. Потоа ставете две лажици ладен путер и мешајте додека не добиете вкусен сос.

Може да направите и вкусна салата со парчиња од испеченото месо.

Можеби ќе ве интересира

Сочни, чоколадни, се топат во уста – рецепт за легендарните Нанаимо коцки

M T

Вкусен и лесен рецепт за стек

M T

Вкусна зимница: Направете пиперки во сенф

M T