СВР Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 11.11.2026, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и неговото патничко возило, при што биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.


