Со доаѓањето на сезоната на јагоди, многумина се соочуваат со истиот проблем – овошјето брзо омекнува, пушта сок и се расипува уште по неколку дена. Причината лежи во нивната структура: јагодите содржат многу вода и се особено чувствителни на влага и неправилно складирање.
Една од најчестите грешки е тоа што јагодите се оставаат во оригиналната пластична кутија во која се купени. Во такви услови лесно се создава влага, што создава идеална средина за појава на мувла. Затоа, првиот чекор е да ги извадите од пластиката веднаш штом ќе стигнете дома.
За подобро чување, префрлете ги во стаклен или друг проветрен сад и ставете хартиена крпа на дното. Таа ќе ја впие вишокот влага и ќе помогне јагодите да останат свежи подолго. Важно е садот да не биде целосно затворен – потребна е циркулација на воздух.
Исто така, избегнувајте да ги миете јагодите однапред. Иако изгледа практично, водата дополнително го забрзува расипувањето. Најдобро е да ги измиете непосредно пред јадење. За дополнителна заштита, може кратко да ги потопите во раствор од вода и малку оцет, потоа добро да ги исплакнете и целосно да ги исушите.
Ако сакате да ги зачувате подолго, замрзнувањето е одлична опција. Исечете ги, распоредете ги на рамна површина да се замрзнат одделно, па потоа складирајте ги во кеса. Така нема да се залепат и ќе можете лесно да ги користите кога ќе ви затребаат.


