22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во Мексиканскиот залив

Пожарот на подводниот гасовод на нафтената компанија „Пемекс“ во Мексиканскиот Залив предизвика сцени на пламен океан.

Пожарот на површината на океанот западно од мексиканскиот полуостров Јукатан е изгаснат рано во петокот, објави државната нафтена компанија „Пемекс“, нагласувајќи дека истекување на гас од подводниот гасовод е причина за пожарот.

Светло-портокаловиот пламен што скока од водата како стопена лава, на социјалнире мрежи беше наречен „огнено око“ поради кружниот облик на пламенот.

На пожарникарите им беа потребни повеќе од пет часа за целосно гаснење.

Спонзорирано: