17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Во Москва пет неработни дена поради зголемувањето на бројот на заразени лица

Поради наглото зголемување на бројот на заразени лица, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, прогласи неработни денови од 15 до 19 јуни, кои ќе им бидат исплатени на сите вработени.

Појасни дека оваа одлука се однесува на компании и организации од сите форми на сопственост, кои обично не работат за време на викендите.

„Се разбира, ова не се однесува на компаниите кои се клучни за функционирањето на градот, како и на организациите одговорни за безбедноста и некои други стратешки индустрии“, рече Собјанин.

Тој посочи дека сега е потребно барем да се намали стапката на ширење на коронавирус, ако веќе не може да се запре.

Московските ресторани, барови, ноќните клубови и други места ќе бидат затворени најдоцна до 23 часот до 20 јуни, објави Собјанин.

Бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус во Русија се зголеми за 13.510 на вкупно 5.193.964, што е најмногу за еден ден од 15 февруари, објави тамошниот кризен штаб.

Во последните 24 часа, како резултат на заразата починале 339 лица, вкупно 126.073.