25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: Америка се врати со Бајден

САД се вратија како кооперативен лидер на слободниот свет, рече францускиот претседател Емануел Макрон, илустрирајќи го олеснувањето што го почувствувале многу сојузници на САД, по периодот на поранешниот претседател Доналд Трамп.

На состанокот со Макрон, Бајден, на прашањето дали Америка се вратила, се сврте кон францускиот претседател и рече дека тој треба да одговори на тоа прашање.

„Да, дефинитивно“, рече Макрон. „Одлично е да се има американски претседател кој е дел од клубот и е подготвен да соработува. Она што го покажувате е дека лидерството е партнерство“.

Зборовите на Макрон се слични на оние на британскиот премиер, Борис Џонсон, кој изјави дека Бајден е големо освежување.

Бајден рече дека Соединетите држави силно ја чувствуваат кохезијата на НАТО и изрази поддршка за Европската Унија.