17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Проститутките започнаа со работа во некои делови од Германија

Додека многу проститутки во голем дел од Германија сè уште чекаат да се отворат борделите, сексуалните работници во сојузните покраини Саксонија-Анхалт и Шлезвиг-Холштајн од денеска можат да почнат да услужуваат клиенти.

„За почеток, добро е чувството што знаеме дека има покраини кои нè вклучија во нивните планови за отворање. Но, тоа не треба да го скрие фактот дека има покраини кои се бескомпромисни во однос на затворањето“, вели Јохана Вебер од професионалното здружение за еротски и сексуални услуги.

Особено во Мекленбург-Западна Померанија, Баден-Виртемберг, Сар, Хамбург и Баварија, сè уште не е на повидок нов почеток, нагласува претставничката на здружението, додавајќи дека е потребен притисок врз властите во тие пoкраини.

Оваа индустрија, како и многу други, престана со работа во ноември. Во покраините Хесен и Мекленбург-Западна Померанија, борделите мораа да бидат затворени уште во март 2020 година.

„Прекинот предизвикан од пандемијата доведе многу колеги и колешки во егзистенцијални потешкотии, а во некои случаи, тие беа принудени да обезбедат и нелегални услуги“, истакна претставничката на професионалното здружение, нагласувајќи дека многу сексуални работници имале проблеми, затоа што немале постојан престој.

Други добиле помош наменета за коронавирус или надоместоци за невработеност.

Според стручното здружение, околу 40.000 мажи и жени се регистрирани како сексуални работници во Германија. Вебер претпоставува дека многу повеќе од нив работат без таканаречена картичка за заштита на проституција затоа што се плашат од професионални и приватни проблеми.