14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белорусија ќе покрене обвинение против девојката на уапсениот новинар Протасевич

Денеска ќе биде објавено обвинение против руската државјанка Софија Сапега, која беше уапсена заедно со Роман Протасевич, белорускиот новинар од опозицијата, по присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск, потврди нејзиниот адвокат во интервју за руските агенции.

Попладнево главниот истражен комитет на Белорусија ќе поднесе обвинение против Сапега, потврди нејзиниот адвокат и најави дека втората жалба против одлуката на властите за нејзиниот притвор ќе биде разгледана денес.

Неодмна во едно видео беше прикажано дека Сапега работела како уредник на „Црна книга“ на белорускиот канал на Телеграм, кој во април официјално беше прогласен за екстремистички медиум.