Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Пожар во Чаир, горат четири објекти (фото)

Околу 17 часот голем пожар избил на улицата Цветан Димов во населбата Чаир во Скопје.

Огнот до овој момент, според МВР, има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница.

„Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов се уште се гасне пожарот од страна на БППЗ“, известуваат од МВР.

На терен се излезени 8 противпожарни возила кои се справуваат со огнот, а причината за избувнувањето на пожарот се уште не е позната.

фото Пожарна Скопје

Можеби ќе ве интересира

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 24 СТЕПЕНИ – УХМР најавува невообичаено топло време до петок, од сабота заладување

ДЕСК